Браварски Услуги
Nasiot tim vrsi izrabotka na elementi od zelezo so moderen dizajn.
Нашиот тим врши изработка на елементи од железо со модерен дизајн. Изработката на најразлични елементи ви овозможува да направите избор за комбинирање надворешни и внатрешни огради, огради за скали и влезни врати.
Исто така, изработуваме монтажни скали, балкониод метален или алуминиумски лим во различни форми и димензии.
Оваа група на услуги опфаќа комплетна понуда на производство и монтажа на сите видови челични конструкции за комерцијални и индивидуални станбени објекти. Во Метал Инженеринг Јаневи ќе добиете комплетна професионална услуга од професионалниот тим кои секогаш е подготвен да одговори на вашите барања.
Автоматски порти со далечинско отворање
Врати за деловен објект, лизгачки и крилни врати кои се отвараат лесно и едноставно со далечинско и сензори кои го детектираат движењето на Вашето возило. Се отвораат тивко и лесно со помош на моторен погон со далечинско управување или со курбла за рачно отварање при хавариски режим.